Судот прифати вештачење направено од компанија без лиценца во којашто управител е функционер на СДСМ

Судијата Горан Бошевски прифати вештачење во случајот „Траекторија“ направено од компанија без лиценца, каде управител е функционер на СДСМ, Димитар Бузлевски, поранешен министер за транспорт, вицпремиер и градоначланик од сега владејачката партија.

Компанијата без лиценца „Еос“ која е со меѓународна испостава направила вештачење коешто Специјалното јавно обвинителство (СЈО) го користи како доказен материјал, пренесува порталот Денешен.

Порталот дознава дека компанијата „Еос’ нема лиценца во Македонија за вештачење, а управител е функционерот на СДСМ и поранешен градоначалник на Ресен, Димитар Бузлевски.

Истовремено, еден од вештаците бил и со средно образние, но и покрај овие факти судијата Горан Бошевски го прифати вештачењето на СЈО што во суштина е направено од фирма која не можела да врши ваква дејност.

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.