Судот во Австралија го призна неутралниот пол

Луѓето можат да имаат неутрален пол, одлучи највисокиот суд во Австралија.

Еден човек може да биде ниту маж, ниту жена, одлучи австралискиот врховен суд и донесе одлука овие лица да бидат регистрирани како лица со неодреден или неутрален пол.

Оваа одлука доаѓа, по случајот покренат од Нори Меј Велби, која тврди дека не се идентификува со ниту еден од двата пола и оти се чувствува како неутрална. Со години таа водеше судска битка за да биде запишана како лице со неутрален пол.