Судот во Москва одобри апсење на украински тајкун

Московскиот суд одобри апсење во одсуство на гвернаторот на Дњепропетровската област Игор Коломојски, јавила агенецијата РИА Новости, пишува „Блиц“.

Богатството на Коломојски, еден од најбогатите луѓе во Украина, Форбс го проценил на 1,8 милијарди луѓе.

Тој Украински тајкун е финансиер на неколку воени формации, кои се вклучени во специјални операции на истокот на Украина.

Во Русија против тајкунот Коломојски е покрената постапка заради организација на убиство и користење на забранети средства и методи за водење војна, пренел „Гласот на Русија“.