ВИДЕО: Кога ќе се судрите со поп

Што се случува кога ќе се судрите со поп на автопат? Трагично, комично, несфатливо, логично, невозможно… Со сите овие зборови може да се опишат видеоснимките што доаѓаат од руските автопати.

На ова видео автомобилот што се движи пред сопственикот на видеозаписот ја промени лентата, поточно се престрои од лева во десна лента, за потоа да се предомисли и повторно да се врати во левата лента.

Во тој миг возачот на автомобилот што одел зад него, мислејќи дека крајната лева лента е слободна нагло забрзал, а потоа удрил во авотмобилот пред себе.

Од удрениот автомобил излегол поп. Што се случува кога ќе се судрите со поп погледнете во приложеното видео и проценете сами кој е виновен во дадената ситуација.