Судска завршница за случајот Милка

Денеска во 11 часот ќе се изрече пресудата за случајот „Милка“.

Овој случај датира од 2011 година, а во него 32 лица се товарат дека злосторнички се здружиле, давале поткуп, некои ја злоупотребиле службената положба, други фалсификувале знаци за одбележување на стоката.

Од 2011 година криумчареле добиток од земјава во соседна Aлбанија. Купувале телиња и јунци од сточните пазари во Боговиње- Гостивар и Кривогаштани- Прилеп и Кичево. Откако ветеринарот ќе им изработел фалсификувана пропратна документација непречено ги транспортирале до село Спас кај Дебар. Таму им ги отстранувале идентификациските ушни значки за да не може да им се утврди потеклото. Биле сместувани во шталите на членовите на групата. Полициските службеници-старешини и вработени во полициските станици за гранична контрола „Блато” и „Џепчиште” примале поткуп, за да ја договорат маршрутата и временскиот период кога да се пренесе илегално добитокот во Албанија каде ги препродавале. За 1 килограм добивале по 3,5 евра. Така заработиле два милиони евра. Адвокатите негираат дека се работи за злосторничко здружување.

Криумчарениот добиток во Албанија е преземан од група на обвинети од Албанија. Според обвинението, стоката е транспортирана и продаван на пазарите во Тирана, Елбасан и Драч.