Судската администација на протест

Судската администација на протест
Судската администација на протест

Вработени во управата и правосудните органи, кој од средата штрајкуваат, денеска своето незадоволство го изразуваат со протест низ скопските улици.

Протестот го почнаа пред Сојузот на синдикатите, потоа пред Собранието, Министерството за правда и за инфроматичко општество и администрација и Владата на Република Македонија.

Денешниот протест, како што велат, е резултат на немањето волја од Министерството за правда и Министерството за информатичко општество и администрација за дијалог за надминување на проблемите.

Организаторите на штрајкот бараат измени на Законот за судска служба, зголемување на платите на судските службеници, исплата на ветените пет проценти и враќање на работното време од 7:30 до 15.30 часот.

Штрајкот започна завчера, вработените го искажуваа незадоволството пред судовите.

Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација го активираа штрајкот откако ги прогласија за неуспешни преговорите со Министерството за правда околу измените на Законот за судска служба. Преговорите почнаа како резултат на предупредувачкиот штрајк што беше одржан на 3 декември 2015 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.