Судскиот совет им го одзеде имунитетот на судиите од „Титаник 2“

Судскиот совет донесе одлука да им го одземе судскиот имунитет на петмината судии од управниот суд обвинети во „Титаник 2“, предметот кој го води СЈО за изборните нерегуларности од локалните избори во 2013-та година.

Одлуката е официјално објавена на сајтот на судскиот совет.

Оваа одлука доаѓа откако судијката која треба да го оценува обвинителниот акт Верка Петковска ипратила барање за оценка на имунитетот на обвинетите судии. Во „Титаник 2“ беа обвинети уште пет лица од Државната изборна комисија, како и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.