Судскиот совет ќе расправа за оставката на Михајлова

Судијата Татјана Михајлова вчера со писмен поднесок го извести Судскиот совет на Република Македонија дека поднесува неотповиклива оставка на функцијата в.д. претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје. Во текот на денешниот ден Судскиот совет на РМ ќе преземе мерки за адекватно решавање на настанатата ситуација, ќе бидат извршени анализи и во најкраток можен рок ќе биде закажана седница по повод поднесената оставка на в.д. претседателот на Основен суд Скопје 1 Скопје, се наведува во соопштението од Судскиот совет на РМ.