Сугарески се сретна со босанската амабсадорка Бабиќ

Министерот за транспорт и врски оран Сугарески оствари работна средба со амбасадорката на Босна и Херцеговина во Република Македонија,Лепа Бабиќ.

На средбата се разговараше за актуелните состојби меѓу двете земји, притоа акцент се стави на зголемување на економската соработка меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина.
.
Министерот Сугарески ја запозна амбасадорката Бабиќ со ифраструктурните проекти што се реализираат во земјава како и со реформите што ќе се спроведуваат во наредниот период а кои се во насока на подобрување на севкупната состојба во државата.

„На средбата разговаравме за актуелните прашања поврзани со двете земји, Босна и Херцеговина е наша пријателска земја и се надевам дека во име на таквиот партнерски однос, соработката меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период”, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Двајцата соговорници се согласија на интензивирање на понатамошната соработка, посебно во делот на подигнување на економските односи на повисоко ниво.