Сугаревски најмалку го интересираат потребите на граѓаните

Сугаревски најмалку го интересираат потребите на граѓаните
Сугаревски најмалку го интересираат потребите на граѓаните

На денешната Седница на Собранието на Република Македонија посветена на поставување на пратенички прашања, пратениците од СДСМ исто како и на предгходната повеќе се заинтересирани за прашања поврзани со Владата отколу за прашања кои претставуваат проблеми на граѓаните кои што ги бирале да ги претставуваат.

Имено, како што знаеме институтот Пратенички прашања постои со цел да се контролираат активностите односно проектите на власта како и да се посочуваат проблеми од страна на пратениците, а доаѓаат индиректно како прашања од граѓаните.

Очигледно, пратениците на СДСМ пратеничките прашања повеќе ги користат за водење на политиканство кое се диктира директно од Бихаќка, а не реални проблеми со кои што се соочуваат граѓаните на терен.

Токму таков пример денес беше координаторот на Пратеничката група на СДСМ Горан Сугаревски кој што доаѓа од општина Прилеп. Сугаревски како приоритет за искористување на своето право за пратеничко прашање го искористи настанот со Мијалков на белградскиот аеродром додека за проблемите со кои што се соочуваат прилепчани кои што го гласале не стана ни збор.

Иако за настанот со Сашо Мијалков, изјава  јавноста доби токму од самиот Мијалков со цел да се објасни ситуацијата, Сугаревски посвторно прашуваше и покрај тоа што граѓаните добија објаснување.

Ако се има во предвид дека пратениците се народни избраници кои што треба да ги бранат барањата и интересите на граѓаните се поочигледно е дека во македонското собрание СДСМ не функционира на тој начин. Уште на предходната седница за поставување на пратенички прашања Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку прес конференција посочи дека пратениците на СДСМ институтот пратенички прашања го користат за поставување на прашања по директива на Заев и Шекеринска , а не прашања од граѓаните.