четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 9

Шулц ја претстави својата предизборна програма со која сака да ја собори Меркел

Шулц уште еднаш го отфрли подигнувањето на уплатување во касата на НАТО сојузот, како што тоа меѓу другите и до Германија го бара американскиот претседател Доналд Трамп

(Photo by Steffi Loos/Getty Images)

(Photo by Steffi Loos/Getty Images)

Поврзани вести

Претседателот на Социјалдемократската партија на Германија (SPD) и кандидат за канцелар Мартин Шулц ја претстави во неделата во Берлин својата предизборна програма за парламентарните избори кој крајот на септември во која се истакнува борбата за поголема социјална справедливост, повеќе државни инвестиции и јакнење на Европската унија.

„На изборите кон крајот на септември се одлучува за тоа дали сакаме една модерна Германија во обновена Европа или статус кво и назадување“, рече Мартин Шулц при преставувањето на својата програма во десет точки која е насловена „План за иднината на модерна Германија“.

Шулц во својот план се залага и за законска обврска за државно инвестирање доколку станува збор за стратешки и за иднината на земјата важни проекти како што се широкопојасен интернет, сообраќајници, обновливи извори на енергија и обрзованието.

„Нам ни е потребно законско утврдување на минимумот државни инвестиции за нашата земја да се подготви за иднината“, изјави Шулц пред 600 присутни во централата на SPD во Берлин додавајќи дека сака да стане „канцелар кој се соочува со предизвиците“.

Шулц на претприемачите им вети намалување на бирократијата и подобра подготовка за дигиталната иднина. Истовремено на работниците им ветува подобра заштита од откази од работните места и намалување на бројот на социјалните работни места кои недостигаат, како и целодневни детски градинки.

Тој укажа и на тоа дека Германија „како ниедна друга земја“ профитира од Европската унија и кажа дека Германија во иднина би можела да издвојува повеќе во заедничкиот буџет. Шулц побара и повеќе солидарност од другите членки на Европската унија.

„Оние кои не сакаат да прифатат бегалци или да го воведат разорниот даночен концепт не може да сметаат на нашата солидарност“, порача Шулц кој ветува дека како канцелар ќе „вложи вето“ на секоја нацрт од буџетот на ЕУ кој нема да се заснова на принципот на солидарност.

Шулц уште еднаш го отфрли подигнувањето на уплатување во касата на НАТО сојузот, како што тоа меѓу другите и до Германија го бара американскиот претседател Доналд Трамп.

Во неделата претставената програма е концентрирана верзија на партиската предизборна програма претставена во јуни. Со истакнувањето на најважните делови од програмата во прв план Шулц на десет седмици пред парламентарните избори сака во завршницата од предизборната кампања да ја намали предноста на демохристијанската Унија CDU/CSU на актуелната канцеларка Ангела Меркел која ќе му биде главниот противкандидат.

„Бидејќи Меркел не зборува за иднината на земјата, јас сакам да бидам уште поконкретен. Сакам граѓаните да видат дека имаат јасен избор кога кон крајот на септември ќе излезат на избирачките места“, рече Шулц и го опиша како „скандал“ тоа што Ангела Меркел најавува „големи проекти“ за ЕУ но саја да ги изврши дури по изборите.

Според последните испитувања на јавното мнение, социјалдемократите на Шулц заостануваат зад демохристијаните на Меркел за 11 до 17-процентни поени. По првичниот пораст на популарноста на SPD по именувањето на Шулц за челник на партијата и кандидат за канцелар, SPD во еден момент ја престигна Унијата, но во меѓувреме показателите се вратија на периодот од пред доаѓањето на претседателот на Европскиот парламент кој поради изборите во Германија си поднесе оставка на должноста на чело на социјалдемократите.

Во првите реакции на програмата на Шулц, Унијата CDU/CSU реагираше резервирано.

„План за иднината со државни инвестиции, зголемени пензии и целодневни детски градинки. Јас попрво би сакал SPD да пресмета колку чини тоа и кој ќе го плати“, изјави за интернет изданието на дневниот весник Rheinische Post, потпретседателот на пратеничката група на Унијата, Михаел Фушс.

Најчитани вести