Шулц: Кипарците нема да останат сами по обединувањето

Претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц, упати порака до кипарските граѓани дека следниот ден по обединувањето на островот тие нема да останат сами.

Тој посочи и дека ЕУ ќе ја даде најдобрата гаранција за просперитетната и светла иднина за сите Кипарци во рамки на еден федеративен Кипар, пренесе МИА, повикувајќи се на кипарската информативна агенција.

Мартин Шулц денеска ќе пристигне во дводневна официјална посета на Кипар, на покана од претседателот на Парламентот, Јанакис Омиру.