петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 7

Шулц: Нема да има поедноставување на процедурата за безвизен режим за Турцијa

Европскиот парламент нема да ја поедностави процедурата за укинување на визниот режим за патување на државјаните на Турција во ЕУ, изјави денеска претседателот на Европарламентот, Мартин Шулц.

sulc

Поврзани вести

Европскиот парламент нема да ја поедностави процедурата за укинување на визниот режим за патување на државјаните на Турција во ЕУ, изјави денеска претседателот на Европарламентот, Мартин Шулц.

Како што јави МИА, повикувајќи се на ТАСС, Шулц нагласи дека Европскиот парламент е подготвен да игра конструктивна улога во врска со укинувањето на визите за Турција, но дека мора да бидат почитувани пропишаните правила.

Не може да има никакво поедноставување на нашата парламентарна процедура, бидејќи тоа е сериозна одлука, изјави Шулц на почетокот на средбата на шефовите на држави или влади на ЕУ во Брисел.

Според него, ЕУ не треба да прави преседани и да заборави дека води дијалог за либерализација на визниот режим и со други земји, како Грузија, Украина и Косово.

Треба да испратиме јасен сигнал дека чесно се однесуваме кон секоја држава, рече Шулц.

Најчитани вести