Шулц се повлекува од функцијата во ЕП

шулц

Шулц, кој е член на Германската социјалдемократска партија (СДП), ја даде оваа изјава за телевизијата „А Ер Де“ и наведе дека денеска во Брисел ќе ги појасни деталите.

Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ пишува дека Шулц ќе ја предводи листата на својата партија во Северна Рајна-Вестфалија на парламентарните избори кон крајот на 2017 година.

Шулц се смета за можна алтернатива на сегашниот министер за економија Зигман Габриел, кој е заменик-канцелар на Ангела Меркел.

Тој може да биде и кандидат за функцијата министер за надворешни работи, која ќе биде слободна во февруари, ако актуелниот министер на таа функција Франк-Валтер Штајнмаер стане претседател, како што се очекува.

СДП ќе објави кандидатот за канцелар во јануари.

Ангела Меркел ќе биде кандидат на другата партија во коалициската Влада, Христијанско-демократскиот унија.