сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 0

Шулц: Велика Британија да го официјализира барањето за излез од ЕУ

Целта, дури и постоењето на нашата Унија се доведени под прашање. Сепак, на нашите граѓани и на светот потребна им е силна ЕУ како никогаш порано, истакна Могерини.

martin-sulc

Поврзани вести

Претседателот на Европскиот пaрламент Мартин Шулц побара Велика Британија уште во вторник да поднесе молба за излегување од Европска унија по одлуката на Британците за Брегзит.

-Сега очекуваме британската Влада да премине од зборови на дела. Самитот во вторник е соодветен момент за тоа, посочи Шулц за „Билд ам зонтаг“.

И други високи претставници на ЕУ апелираа Велика Британија брзо да ја напушти Унијата за да се избегне период на несигурноста за останатите 27 земји-членки.

Во меѓувреме, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека по одлуката на Британците важно е Унијата да покаже единство во борбата против растечките глобални предизвици.

-Целта, дури и постоењето на нашата Унија се доведени под прашање. Сепак, на нашите граѓани и на светот потребна им е силна ЕУ како никогаш порано, истакна Могерини.

Најчитани вести