Македонија

Сулејмани бил убиен со нож

Сулејмани бил убиен со нож

Раната на 23- годишниот Адил Сулејмани, кој денеска околу 12.30 часот беше пронајден мртов, не била од огнено оружје, туку од нож. Телото е предадено на обдукција.

Неговиот татко го нашол на нивниот плацот во близина на објектот на Ветеринарната станица во Велес, на кој порано продавале дрва.

Според првичните сознанија, синот дома го немало од вчера од 16 часот.

Полицијата работи на пронаоѓање на сторителите и откривање на мотивите за убиството.