Султан Сулејман Величествениот не е задоволен на професионален план

Турскиот глумец Халит Ергенч, кој го играше ликот на султанот Сулејман во серијата „Сулејман Величенствениот“, тврди дека не е задоволен од моменталната ситуација на професинален план.

По завршувањето на снимањето тој ја избричил брадата, а на прашањето за неговите идни проекти имал „натажен“ одговор.

– Нема да ме гледате во ниту еден проект, бидејќи никој никаде не ме викнал, се пожалил Ергенч.

Улогата на султанот, кој ја глумеше четири години, му донесе огромна популарност и богатство, но веројатно премногу го обележала, бидејќи вели дека телефонот веќе „не му звони“ и не му нудат нови улоги.