СУМ ги предупредува Џафери и Костовски

Во отвореното писмо упатено до собранискиот спикер Талат Џафери и директорот на Службен весник на Република Македонија, Мартин Костовски движењето Сите за унитарна Македонија (СУМ), ги предупредува да го „сообразат своето“ однесување согласно обврските коишто произлегуваат од нивните функциии и да не дејствуваат спротивно со потези коишто би ја дерогирале функцијата на Претседателот Ѓоре Иванов.

 

„Слушнавме дека имате намера да го однесете ‘законот за двојазичност’ кој помеѓу народот се нарекува Тиранска платформа и Договорот со Грција кој кај македонскиот народ е примен со крајна индигнација и револт и се смета за понижувачки и геноциден, на впишување во Службен Весник на Република Македонија“, се наведува во отвореното писмо.

Такво грубо кршење на Уставот од нивна страна, како што се наведува уште во Отвореното писмо, освен што претставува игнорирање на единствената легитимна институција на Република Македонија, воедно е и „државен удар што е најтешко кривично дело против народ и држава и се казнува со нај тешка казна затвор.

Од СУМ истовремено потсетуваат дека зад Претседателот на државата Ѓорге Иванов стојат 536.000 гласачи што не е случај ниту со еден поединец член на парламентот или Владата , па ниту со некоја партија.

„Такво, најблаго кажано,м неодговорно однесување, сигурно меѓу македонскиот народ кој е на крајот од своето трпение од сите досегашни антинародни политики на оваа власт, неизбежно ќе предизвика експлозија, што ќе доведе до нереди со можни па дури извесни ескалации. Ние од СУМ со цела сериозност Ве повикуваме да се однесувате одговорно и во интерес на народот кој Ве донесе да имате можност да му служите и кој за тоа и Ве плаќа, сѐ додека сте на позициите кои сте ги добиле благодарение на истиот тој народ“, порачуваат но истовремено и предупредуваат од СУМ и бараат итно заминување на актуелната влада и распипување предвремени парламентарни избори.

СУМ, или Македонската координативна мрежа – Сите за унитарна Македонија е сочинета и подржувана од 50-ина здруженија во Македонија и здруженија на Македонците во светот, како и познати и маркантни поединци во македонското општество, писатели, актери, режисери, скулптори, новинари, правници, судии… или како што наведуваат „сите самосвесни“ интелектуалци, професори на факултет, највисоки свештени лица и други свештени лица од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, најголемиот број на вонпарламентарни партии итн.