Германски таблоид: Шумахер може повторно да се движи

Легендата на Формула Еден Михаел Шумахер може повторно да се движи. Германски таблоид пишува дека легендарниот возач може да направи неколку „несигурни“ чекори со помош на патерица и успеал помалку да ја движи едната рака, пренесува „Дејли Експрес“.

Германскиот таблоид „Бунте“ повикувајќи се на неименувани извори тврди дека Михаел е мошне слаб но дека ќе може повторно да оди со помош на терапевтите.

Тој успеа да направи неколку чекори и исто така може да ја крене раката, пишува весникот.

Сепак менаџерите на познатиот возач ги демантираа ваквите пишувања. Само неколку дена пред втората годишнина од несреќата неговата менаџерка Сабине Кехм изјави дека насловот на таблоидот „Тој може да се движи повторно“ не е точен.

Сепак, поради неодамнешните пишувања во медиумите мора да разјасниме оти наводите дека Михаел повторно може да се движи не се точни. Таквите шпекулации се неодговорни, бидејќи ако се земе сериозноста на неговите повреди, во моментов мошне е важна неговата приватност, а за жал таквите тврдења им влејаа надеж на многумина други, рече таа.

Германскиот таблоид застана зад сосптвената приказна и како што велат немаат намера да го повлечат изданието на весникот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.