Шумски пожари во Пехчево и Ресен

Два одделни шумски пожари избувнале вчера на територијата на Македонија.

Како што информира МВР, вчера околу 16.30 часот во Пехчево на местото викано „Црник“ настанал пожар при што биле опожарени неколку декари борова и дабова шума.

Екипи од Шумското стопанство-Равна Река преземаат мерки за гасење на пожарот.Се преземаат и мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Вчера околу 17.00 часот во Ресен настанал пожар помеѓу село Златари и село Сопотско при што биле опожарени неколку хектари дабова шума.

Се преземаат мерки за гасење на пожарот, како и за утврдување на причините за настанување на пожарот.