Супер лига: Прилеп подобар од Пролет

Одиграни натпревари од Супер лигата во ракомет

Момците на Томче Петрески 20-тина минути се мачеа со гостинскиот тим, но потоа го скршија неговиот отпор и до крајот на мечот имаа сигурно водство.

Горан Шаренац со осум бода и Дмитри Турченко со седум беа најзаслуќни за победата. Кај Пролет Ласко Андоновски шест пати стрелаше прецизно.

Супер лига 4. коло:

Прилеп – Пролет 30:22 (14:11)

Металург 2 – Металург 19:32 (10:12)

Пелистер – Работнички 16:20 (10:10)

Борец – Вардар јуниор 17:33 (6:14)

Радовиш – Охрид се игра утре во 18:30

ТАБЕЛА: Металург 9 (-1), Прилеп 9, Работнички 9, Вардар јуниор 6, Пролет 6, Борец 6, Охрид 3 (-2), Пелистер 3, Радовиш 3 (-1), Металург 2 0.