Супер совети: Како да живеете среќно до крајот на животот

Во време кога разводот е честа појава, се’ помалку се верува во постоење на доживотна романтична љубов. Очигледно е дека сме станале премногу цинични, бидејќи истражувањата покажуваат на се’ поголем број луѓе кои губат верба о моногамија и доживотна љубов.

Наспроти тоа, постојат и оние кои успеваат да ја одржат романтиката и бракот долги години. Во што е нивната тајна? Психолозите дадоа научно основани причини поради кои нивната љубов и понатаму живее.

Романтика за цел живот е можна!

Истражување од 2012 година покажало дека двојките кои веќе со децении во брак се уште се интензивно заљубени. На тој начин 40 отсто од двојките ги опишале своите емоции. Ако се сомневате во ова тогаш знајте дека и психологијата потврдила дека романтичната љубов може да трае цел живот.

220807-par-01-61928983

Проучување на мозокот направено во 2011 година потврдило дека кај љуѓето кои веќе со години се во врска, активни се исти делови од мозкот како и кај оние кои неодамна се заљубиле.

Така, романтиката е можна и по доста долги години минати во заедница. Таквата интензивна заљубеност, објаснуваат научниците, позитивно делува на психичкото и физичкото здравје на човекот, така што е навистина вредно да се најде начин да ја задржите во својот живот.

„Мозокот на некои луѓе гледа на долготрајната страствена љубов како главна цел бидејќи покрај тоа ги поврзува чувството на безбедност, мир и среќа, односно, одредена состојба која ги исклучува анексиозноста и стресот. Нормално е мозокот таквите луѓе да бара начини како страствената љубов да ја одржи во живот“, вели научнико Адореи Дурапа.

И љубовната заслепеност може долго да трае

Имајќи предвид во последние години не’ предупредуваат на љубовната заслепеност како на нешто опасно, се чини дека веста дека тоа може долго да трае и не е баш најсреќна. Но, всушност, тоа е сјајна вест.

Љубовнта заслепеност во која саканата личност ја гледаме како совршено суштество кое нема маани е добра во доцните фази на врската.

Зошто е тоа така? Затоа што тоа е клучната работа за одржување на врската на долга патека. Повеќе истражувања покажале дека љубовната заслепеност овозможува поголема толеранција во врската, но и подобра поврзаност со партнерот.

Успешните двојки секогаш заедно пробуваат нови работи

Верувале или не, досадата е една од главните убијци на бракот. Неа треба да ја избегнте по секоја цена. Тоа можете да го избегнете со учење и пробување на нови работи.

Истражувањата покажале дека двојките кои заедно испробуваат нови работи се поблиски и чувствуваат поголема привлечност еден кон друг. Таквите двојки исто така признале интензивно чувство на заљубеност и по децении спроведени во заедница.

Избегнување зависност и одржување на независност

Научниците дошле до заклучок дека романтиката долго трае во оние врски во кои двајцата партнери ја задржуваат својата независност. За жал, многу често еден од партнерите знае да биде зависен. Тоа значи дека личноста не е самостојна и дека непрекинато бара помош и потврда од другата личност, а така е многу тешко да се живее.

Со врмее партнерот на кого зависната личност се потпира почнува да го менува начинот на кој ја гледа таа личност, а тоа никогаш не е позитивна промена. Важно е секој личност во врската да задржи одреден степен на независност бидејќи тоа е клучот за среќна и долга врска.

Страстта за животот се отсликува и во врската

Психолозите откриле дека страстта за животот може да помогне и во одржување на страстта во долгите врски. Истражување спроведено во 2012 година покажува дека луѓето кои се страствеи во животот, внесуваат страст и во љубовната врска.

Овде станува збор за став односно за луѓе кои се позитивни и во ситници бидејќи таквите луѓе се способни да се фокусираат и на позитивните работи во љубовната врска.