Балкан

Супербактерија, отпорна на најсилните антибиотици, убива низ Србија

Супербактерија, отпорна на најсилните антибиотици, убива низ Србија

Во Србија се забележани смртни случаи поради бактерија, отпорна дури и на најсилните антибиотици.

За да биде уште полошо, пишува српски „Блиц“, земјата е означена како расадник на оваа исклучително опасна бактерија.

Станува збор за нов ген меѓу бактериите, која што се пренесува само во болниците, а заболените најчесто умираат од воспаление на белите дробови и инфекции на уринарниот тракт.

Научниците предупредуваат дека супербактеријата е веќе регистрирана кај пациенти од Велика Британија, САД, Австралија, Канада и Холандија, по што сите тие пациенти патувале во Србија или Индија поради некоја хируршка интервенција.

Станува збор за нов ген, наречен Њу Делхи метало-бета-лактамаза, или НДМ-1, која се наоѓа во бактериите отпорни на скоро сите постоечки антибиотици. Не станува збор само за ширење на бакеријата туку и за ширење на отпорност меѓу бактериите и на нив не дејствуваат ниту „карбапенемите“, кои што се најсилни антибиотици за многу инфекции.