ВИДЕО: „Живиот Супермен“ сака железни стомачни мускули

ВИДЕО: „Живиот Супермен“ сака железни стомачни мускули

Познатиот „жив Супермен“, Филипинецот Херберт Чавез, досега направил вкупно 23 операции за да наликува на неговиот омилен јунак.

Чавез денес има 37 години, а последните 18 активно работи на преобразба на својот изглед, која, меѓу другото, вклучува и белење на кожата, „поправаки“ на носот и вилицата, липосукција…

Со години Чавез се повеќе и повеќе наликува на филмскиот Супермен, но се чини дека на операциите им нема крај.

Сепак, неодамна лекарите одбија да му вградат „железни стомачни мускули“, како оние што ги има филмскиот Супермен, затоа што Чавез пред планираната операција самиот си вбризгал илегална и потенцијално отровна супстанца наречена „МесоЛипо“.

Иако лекарите го предупредиле дека операцијата претставува опасност за неговото здравје, па и живот, Чавез инсистира на вградување стомачни мускули.

За неговата опсесија, која трае веќе повеќе од две децении и која го чинеше цело богатство, Чавез неодамна за „Дејли Мејл“ изјави дека „не жали за ништо“.

– Зошто би жалел? Се што ми се случуваше во животот  беше позитивно искуство токму благодарејќи на Супермен. Ќе престанам дури тогаш кога ќе почуствувам дека моето тело поеќе не може да го поднесе тоа или кога лекарите ќе ме предупредат на евентуална опасност поради годините, изјави Чавез за лондонскиот весник.