Суреаз гризе се пред себе, ќе добие маска за куче

Благодарение на мексиканскиот судија, Марко Рродригез, репрезентацијата на Уругвај забележа минимален триумф во дуелот против селекцијата на Италија и обезбеди пласман во 1/8 финалната рунда од Мундијалот во Бразил.

Освен по единствениот погодок на натпреварот, кој беше постигнат во 80 минута и беше дело на централниот дефанзивец Диего Годин, дуелот помеѓу вечните ривали ќе биде запаметен по срамната арбитража на мексиканскиот судија.
Прво, поради еден за нијанса погруб страт, директен црвен картон заработи репрезентативецот на Италија, Клаудио Маркизио, а само неколку минути подоцна контроверзниот напаѓач на Уругвај, Луис Суарез го гриза за рамо дефанзивецот на Италија, Џорџо Киелини, но таквиот срамен потег остана неказнет од мексиканскиот судија.
Селекторот на Италија , Чезаре Прандели прво вербално го нападна мексиканскиот судија, а потоа понесе неотповиклива оставка.
“Ова е голема кражба. Италија е украдена од мексиканскиот судија. Никој, апсолутно никој, освен овој судија од Мексико, не би му покажал црвен картон на Маркизио за таков фаул. Со тоа ја уништи средбата. Ние бевме приморани комплетно да се повлечеме, а Уругвај доби голема помош во вториот дел од мечот. Морам да кажам и дека го повлеков Марио Балотели на полувремето, затоа што тој ризикуваше да добие црвен картон. Имаше еден жолт картон и многу лесно можеше да се случи да биде исклучен. Но, судијата потоа повторно ја заврши работата, неправедно исклучувајќи го Маркизио. Јас сум одговорен за проектот во Бразил и за остварениот неуспех. Си поднесувам неоптовиклива оставка, иатата веќе е доставена до одговорните лица”, изјави Прандели.
Неотповиклува оставка понднесе и претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Џанкарло Абате.