Суров напад: Тетовец полеан со солна киселина

Четириесет и тригодишен тетовец е хоспитализиран откако денеска утро бил нападнат со солна киселина во неговата продавница во Тетово, информира денеска полицијата.

Според полициските информации, околу 5,30 часот во колонијалната продавница на улицата Страшо Пинџур непознато лице истурило солна киселина врз главата на сопственикот С.А..

„Според кажувањата на нападнатиот непознато лице со качулка на главата влегло во продавницата, која работела 24 часа, со пластично шише во раката и го испрскало еднаш, а потоа го испрскал уште еднаш. Веднаш потоа со голема брзина ја напуштил продавницата, а шишето го оставил во гајба“, вели Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово пренесувајќи ја изјавата на нападнатиот тетовец кој веднаш по нападот во паника и страв за својот живот ги повикал најблиските кои го пренеле во тетовската болница.

По санирањето на повредите, С.А. е пуште на домашно лекување. Јосифовски вели дека полицијата работи на пронаоѓање на напаѓачот и расветлување на причините за ваквиот суров напад.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.