Сурово заврши правната битка за болното бебенце Чарли Гард

Родителите на смртно болното момченце Чарли Гард ја прекинаа во понеделникот правната битка да биде пренесено на лекување во САД, па единаесетмесечното бебенце ќе остане во лондонската болница и таму веројатни ќе умре.

Таткото Крис Гард изјави дека поради времето потрошено на правни и битки со лекарите неговото синче е лишено од моќноста да биде подложено на експериментално лекување во САД коешто би можело да му го продолжи животот.

„Тоа значи дека моето преслатко, прекрасно, невино момченце нема да го доживее својот прв роденден на 4 август“ изјави Гард пред новинарите.

„Да пуштиме нашиот мал Чарли да си замине… тоа е најтешката работа којашто кога и да е ќе мораме да ја сториме“, додаде расплаканиот татко пред лондонскиот суд откако адвокатот објави дека родителите се откажаа од правната борба за своето дете.

„Доколку Чарли беше порано подложен на експерименталното лекување, би ја мал можноста да стане нормално и здраво момченце“, истакна Гард.

Родителите на малиот Чарли изјавија дека одлуката ја донеле откако американските лекари рекле дека „сега е предоцна момченцето да биде подложено на експерименталното лекување“.

Американскиот невролог др Мичио Хиано изјави дека експерименталната терапија не би дејствувала откако го проучил минатонеделниот наод од магнетната резонанција.

Пред судот во Лондон се собраа гневни граѓани кои бараа да се дозволи заминување на Чарли на лекување во САД. Извикуваа „Правда за Чарли“ „Судија, засрамете се“ и „Имаѓе шанса додека вие не му ја одземавте“.

Адвокатката којашто ја застапуваше болницата GOSH (Great Ormond Street Hospital), Кејти Голп во којашто Чарли Гард се лекува од ланскиот октомври, изјави дека персоналот длабоко сочувствува со „Чарли, неговата мајка и таткото“, а судијата Јастис Френсис изјави дека никој не може да ја разбере агонијата на родителите коишто сториле сѐ што можеле.

Извести и дека момченцето ќе биде префрлено на одделот за палијативна грежа за да му се овозможи таму достоинствено да го напушти овој свет.

Чарли Гард, единасетмесечно момченце, се најде во центарот на правна битка меѓу неговите родители, кои сакаа да го лекуваат во САД, и експертите во болницата во Лондон кои заклучиле дека терапијата за којашто станува збор е експериментална и оти нема да му помогне.

Кај бебето е дијагностицирано нарушување на митохондриската ДНК којашто предизвикува прогресивно слабеење на мускулите и оштетување на мозокот. Станува збор за извонредно ретко генетско заболување за коешто нема лек, но во моментов се одвиваа развивања на неколку експериментални терапии.

Иако родителите на Чарли собраа 1,3 милиони фунти од донации за неговото лекување во САД, британскиот Врховен суд претходно пресуди дека неговото лекување во Америка само би го продолжело патењето без реална надеж дека би можело да му помогне. Поединостите од терапијата за којашто станува збор не се познати.

Родителите се обратија и до Европскиот суд за човекови права, но судот на 27 јуни, по нивната жалба, донесе конечна одлука според којашто синот не можат да го однесат на лекување во САД.

Папата Франциск порача дека го следи овој случај и оти се моли за момченцето, а помош понуди и американскиот претседател Доналд Трамп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.