Сушата во Калифорнија предизвика златна треска

Најлошата суша во Калифорнија во последните сто години предизвика мини златна треска и аматерските трагачи за злато ги пребаруваат пресушените корита на реките во подножјето на Сиера Невада, која што на средината на 19-от век привлекуваше илјадници ловци на злато.

Аматери, авантуристи и цели семејства по неколку пати во неделата ги пребаруваат исушените корита кои што долго време не се достапни и со истата технологија користена во времето на големата златна треска.