Сушите ќе траат со децении, поради нив исчезнале цивилизации

Климатските промени ќе придонесат за серија долги и сушни години кои би можеле да траат со децении, пишува Индепендент, пренесува НетПрес.

Мегасушите, кои според дефиниција траат 35 години и повеќе, се последица од зголемување на температурата поради глобалното затоплување и најпрво ги погодува оние подрачја во кои е веќе намалена вообичаената количина на дожд, предупредува, др. Тоби Аулт, од Универзитетот Корнел.

Станува збор за првиот научен извештај кој предупредува на заканата од големи суши поради климатските промени.

Мегасушите кои следат ќе бидат потопли и подолготрајни од оние во минатото, тврди Аулт. Тие ќе влијаат на светската економија и залихите на храна со што како последица ќе се предизвика хуманитарна криза.

Најзагрозени подрачја ќе бидат југозападна Америка, јужна Европа, Африка, Индија, Австралија, како и голем дел од Средна и Јужна Америка.

Angkor_wat

„Во тие делови од светот сушата може да трае со децении“, тврдат научниците.

Мегасушите се појавуваат периодично во изминатите неколку илјади години, а во некои случаи предизвикале пропаст и на цели цивилизации. Пример за тоа е исчезнувањето на индијанските племиња во југозападна Америка во 13-от век и Кралството Кмер во Камбоџа во 14-от век.

Последиците за нашата цивилизација, исто така, можат да бидат катастрофални, со оглед на тоа што светската популација е значително порасната, а со тоа се намалуваат и залихите на вода.

Пред неколку месеци во јавност излегоа и прогнозите кои ги изнесе експертот за климатски промени, Никола Стерн.

Според неговите зборови, доколку човештвото не преземе драстични мерки, глобалната температура ќе се зголеми за четири степени до крајот на овој век што неминовно ќе приднесе до промена на стилот на живот на луѓето, но и до нивно иселување од регионите во кои во моментов живеат.

529614

Делот на Јужна Европа ќе се претвори како Сахара.

Тој предупреди дека, според податоците со кои денеска се располага, светот ќе се уништи доколку не се преземат итни мерки со кои би се спречил порасотот на температурата од предвидените четири степени, пренесува францискиот магазин Слат.

Стерн објаснува дека во последните 10 милиони години не е забележан толку голем пораст на температурата на Земјата, а човечкиот род кој се појавил пред само 250 илјади години никогаш не живеел во свет потопол за четири степени.

Во последните 8.000 години, просечната температура е скоро постојана со осцилации меѓу 1 и 1,5 степен. Таквата климатска стабилност овозможува одгледување на житни култури, занимавање со земјоделство на постојани поседи и населување на жители во градовите и селата. На основа на повеќе научни студии, Стерн направил слика на светот во услови на повеќе просечна температура за четири степени.

Јужна Европа би била претворена во Сахара, а африкасната пустина би се проширила на југ со погубни последици за одредени земји меѓу кои е и Нигерија. Снегот ќе исчезне на поголем дел од Химелаите, што би довело во промена на коритото и правецот на водени токови од кои зависат повеќе од две милијарди луѓе. Ни Американскиот континент не би бил поштеден, посебно Андите и Карпестите планини.