Спорт

Суслина во “Топ 3” ѕвезди во Лигата на шампионите

Суслина во “Топ 3” ѕвезди во Лигата на шампионите

Голманот на ЖРК Вардар, Ина Суслина пружи уште една неверојатна партија на голот на “црвено-црните”, а како награда за тоа стигна и нејзиниот избор од страна на ЕХФ помеѓу “трите” ѕвезди на колото во Лигата на шампионите.

На дуелот против Ѓер, Суслина забележа 10 интервенции уште во првите 30 минути, па тоа беше доволна препорака да влезе во друштво на Нора Морк од Ларвик и Рике Ерхардсен од Виборг.

Токму Суслина го зазема четвртото место во ЕХФ топ 5-те одбрани на колото, класификација во која на првото место се најде чудесната двојна интервенција на втората голманка на Вардар, Амандин Лејно.