Суспендиран вработен во аеродром во Виена – Бил симпатизер на ИД

Аеродромот „Швехат“ во Виена
Аеродромот „Швехат“ во Виена

Еден вработен во аеродром во Виена е суспендиран – бил симпатизер на ИД.

Откако белгиските полициски синдикати по терористичкиот напад на аеродромот Завентем предупредија дека меѓу вработените има и симпатизери на терористичката организација Исламска држава, на аеродромот Швехат во Виена бил идентификуван еден таков вработен со потекло од БиХ, кој бил веднаш суспендиран, пренесува „Танјуг“.

Аеродромот „Швехат“ во Виена
Суспендиран вработен во аеродром во Виена – Бил симпатизер на ИД

Тој на аеродромот повеќе години работел како техничар, задолжен за одржување на разни уреди, а бил суспендиран откако австриските власти го означиле како симпатизер на ИД, пренесуваат австриските медиуми.

Сите вработени, што работат во компромитирачки области, пред стапување на должност поминуваат детална проверка, изјави портпаролот на аеродромот, додавајќи дека процедурата може да трае повеќе недели.

Така било и со суспендираниот техничар, кој на социјалните мрежи гордо позирал во победничка поза налик на борците на ИД со кренат показалец.

Исто така, тој преку одделни интернет страници покажувал симпатии кон ИД и ги следел радикалните салафистички пораки, а на вработените им паднал во очи со неговите радикални погледи на светот.

Поради сето тоа, раководството на аеродромот го суспендирало како симпатизер на ИД.