Македонија,Крими хроника

Суспендирани секретарот и благајникот на средното училиште во Делчево

Суспендирани секретарот и благајникот на средното училиште во Делчево

Секретарот и благајникот на Средното општинско училиште „Методи Митевски – Брицо“ од Делчево, од денеска се отстранети од работните места.

Суспендирањето е извршено со налог од в.д. директорката Билјана Петровска, а за тоа е известен и градоначалникот на Делчево Дарко Шехтански, како и другите надлежни органи и институции.

– Неможноста да се подели платата на вработените за септември поради проблеми создадени пред моето именување за вршителка на должноста директор, односно поради отпорот на благајникот и секретарот да ги применат коефициентите за пресметка на плата утврдени од СОНК и Министерството за образование и наука, се причина за нивното суспендирање, изјави Петровска за МИА.