Македонија

Суспензија и привремено одземање на оружјето на полицајци и војници пријавени за насилство

Суспензија и привремено одземање на оружјето на полицајци и војници пријавени за насилство
Привремено одземање на службеното оружје, но и можна суспензија на полицајците, војниците, затворските чувари, припадниците на шумската полиција, но и останатите вработени кои ракуваат со оружје, а се сомничат за извршено насилство. Ова се дел од заклучоците усвоени на последната владина седница. Дополнително, на раководството му се наложува  во рок од 24 часа, да ја извести институцијата, дека во нивните редови има потенцијален насилник, а задолжително ќе биде и психолошкото тестирање.
На потребата од законски измени, но и соодветна нивна примена, особено во делот на психолошкото тестирање и контроала на поседување и ракување со оружје, неколку пати укажаа и од невладиниот сектор, дел од психолозите и експертите за безбедност. Особено по последните инциденти, со смртни последици, во кои убијците беа припадници на армијата и полицијата.