Суспензијата е укината – Русија ќе настапи на Евробаскетот

Им олесна на Русите - суспензијата е укината

ФИБА ја суспендираше Русија и нејзините клубови поради тоа што Судот се мешаше во работата на кошаркарскиот сојуз во 2013 година, во периодот кога се одржуваа вонредни претседателски избори.

Сепак, според руските медиуми, суспензијата е укината и руската кошаркарска репрезентација ќе може да настапи на Евробаскетот 2015 (5-20 септември), но челниците на Рускиот кошаркарски сојуз остануваат под суспензија.

Тимовите и репрезентацијата можат да се натпреваруваат во натпреварувањата организирани од ФИБА, но суспензијата останува за челниците на Кошаркарскиот сојуз. Повеќе детали можам да соопштам откако ќе го потпишеме официјалниот документ со ФИБА, изјави за руските медиуми заменик министерот за спорт на Русија, Павел Колобков.

Русија на Евробаскетот се наоѓа во група со Франција, БиХ, Израел, Полска и Финска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.