„Суташ“ со големи планови во Македонија, Груевски ветува поддршка

Речиси двојно зголемување на бројот на вработени, зголемување на капацитетот на производство од 180 на 400 тони и отворање на фарма на површина од 40 хектар, се дел од плановите што турската компанија „Суташ“ ги има за својот бизнис во земјава откако преед две години ја купија пропадната млекарница „Сведмилк“ и повторно ги стартуваат погоните во скопски Илинден.

Премиерот Никола Груевски денеска ја посети млекарницата каде се запозна со начин на работа и со плановите на раководството за развојот на „Суташ“ во земјава.

„Досега инвестираше 13 милиони евра, вработи 80 луѓе а планираат стигне до 150 луѓе во наредниот период, веќе купува млеко од 500 фармери, а планира значително дда го зголеми во иднина. Се’ уште е на почетокот на своето производство. Веќе освен во Македонија, продава и во Албанија и во Косово, а планира и во целиот регион и во цела Евра нивниот капацитентот се двојни од претходно до Сведмилк“, изјави премиерот по средбата со раководството на „Суташ“.

Груевски истакнува дека млекарницата има изгледи да стане една од најуспешните бизниси во Македонија, како што компанијата „Суташ“ е на домашниот пазар.

„Сериозни развојни капацитети и развојни планови кои што се веќе во потрага односно во процес на истражувње и релезација. Ние како Влада сме имаме декларирано како Влада која што е пријателски насочена кон изнисот и помага на сите кои сакаат да извршат проширувања и помага на сите кои што сакаат да отворат нови работни места, а ова е фабрика која што отвора нови работни места, не само овде, туку и кај сите нивни соработници. Така што ние стоиме на располагање“, рече Груевски.

Дел од плановите на „Суташ“ е и изградба на фарма на 40 хектар на која планираат да произведуваат околу 10 отсто од млекото кое им е потребно за производство. Се планира и тренинг центар каде фармерите ќе се обучуваат за современо и поквалитетно производство на млеко, но и одгледување на јуници кои потоа би им биле давани на фармерите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.