Македонија

Шуто Оризари доби средно училиште

Шуто Оризари доби средно училиште
Шуто Оризари доби средно училиште

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, заедно со премиерот Никола Груевски, го пуштија во употреба средното училиште во општина Шуто Оризари. Целата инвестиција за изградбата и опремувањето на училиштето изнесува  85.000.000 денари.

Во средното училиште во Шуто Оризари ќе има повеќе струки и профили.
Во средното училиште во Шуто Оризари ќе има повеќе струки и профили.

Станува збор за првото средно училиште кое е изградено на територијата на општина Шуто Оризари. Изградбата на ова училиште во голема мерка ќе им помогне на средношколците кои живеат во овој дел на Скопје. Наместо да патуваат до средните училишта кои се наоѓаат во другите општини во главниот град, образованието ќе можат да го продолжат во непосредна близина на нивните домови, рече Адеми.

Во средното училиште во Шуто Оризари ќе има повеќе струки и профили. Срдношколците можат да се определат за здравствена струка, (образовен профил медицинска сестра), градежно – геодетска струка (образовен профил градежен техничар), угостителско – туристичка струка (образовен профил келнер), економско – правна и трговска струка (образовен профил економски техничар) и лични услуги (образовен профил фризер).

Новото средно училиште, прво во општината е инвестиција од 85 милиони денари, сместено на површина од 4405 метри квадратни. Има 12 училници, 4 кабинети, голема фискултурна сала, читална и библиотека.

Македонскиот премиер ги посети двете ново-доградени двокатни училишта. Во ОУ „26-ти јули“се инвестирани 31 милион денати на просторни услови за 270 деца. Таму се изградени 9 нови училници, помошни простории на два нови ката. Владата инвестираше и во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“. Во ова училиште сега има простор за дополнителни 560 ученици во 21 училница на два ката. Станува збор за инвестиција од 75,4 милиони денари.

Секое училиште ќе понуди настава за повеќе образовни профили во рамките на здравствената струка, градежно-геодетска струка, лични услуги, угостителско-туристичка струка, економско-правна струка и трговска струка. Верувам дека многу млади луѓе ќе се пронајдат во овие струки и од клупите на ова училиште ќе произлезат многу квалитетни кадри на кои ќе се гордее цело Шуто Оризари, целата ромска популација и цела Република Македонија, истакна премиерот.

Новото училиште има 12 училници, 4 кабинети, голема фискултурна сала, читална и библиотека.
Новото училиште има 12 училници, 4 кабинети, голема фискултурна сала, читална и библиотека.