Суво и топло време за продолжениот викенд

Период на стабилно, суво и топло време со постепен пораст на температурите ќе следува во текот на престојниот продолжен викенд.

Денес сончево и топло со температура до 35 степени

Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец не очекува и во текот на денешниот ден.

Утринската температура ќе се движи од  11 до 19 степени, а дневната од 28 до 35 степени.

Сончево и топло време со слаба облачност и со слаб североисточен ветер во текот на денешниот ден ќе преовладува и во Скопје. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

Суво и топло време за продолжениот викенд

Сончево и топло време денес ќе преовладува и во туристичките центри во земјата. За престојниот продолжен викенд се најавува период на стабилно, суво и топло време со постепен пораст на температурите.

Суво и топло време за продолжениот викенд
Суво и топло време за продолжениот викенд

Во охридско-преспанскиот регион денес времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, повеќе во попладневните часови со слаб до умерен ветер од источен правец. Температурата ќе достигне до 31 степен.

Во дојранскиот регион времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата на воздухот ќе достигне до 34 степени.