Сузана Манчиќ сака да посвои дете

Познатата српска водителка Сузана Манчиќ наскоро во својот дом ќе прими едно дете без родителско старателство на кое ќе му биде хранителка, пренесуваат српските медиуми.

Водителката сака да му пружи дом и љубов на едно дете кое било напуштено од своите родители, а на таа идеја ја наговориле нејзините ќерки Теодора и Наталија. Тие двете се решени да и помогнат на својата мајка, и сметаат дека заедно со помош на долгогодишниот партнер на Сузана, грчкиот бизнисмен Симеон Оцомокос, можат да усреќат едно дете. Нивна желба е во својот дом да примат едно девојче. Манчиќ која не е во брак, не го исполнува условот да посови дете, но може да биде хранителка доколку ги помине сите потребни процедури. Таа наскоро на надлежните иинституции ќе им поднесе барање и ќе ја достави целата потребна документација.

– Сузана е голем хуманитарец и така ги воспитува своите деца. Често помага и ги посетува децата без родители и секогаш и е тешко кога се разделува со нив. Таа никогаш не можела да ги разбере луѓето кои се одрекуваат од своите деца и тоа многу ја потресува. Токму поради тоа сака на некому да му биде од корист и сака да земе дете кое ќе го школува и ќе го гледа како свое. Нејзините пријатели и партнерот ја поддржале во тоа – изјавил еден пријател на Сузана.
Манчиќ во моментот се наоѓа во Грција каде со својот партнер прославуваат 15 години врска.

suzana-mancic-1428917925-56968