Сузана Тунева-Пауновска и Буниамин Мемеди добитници на наградата „Мајка Тереза“

Сузана Тунева-Пауновска и Буниамин Мемеди добитници на наградата „Мајка Тереза“
Сузана Тунева-Пауновска и Буниамин Мемеди добитници на наградата „Мајка Тереза“

Сузана Тунева – Пауновска и доц.д-р Буниамин Мемеди се годинашните добитници на наградата „Мајка Тереза“, која денеска свечено им беше доделена од страна на Одборот за доделување на државната награда, објави МИА.

Државната награда „Мајка Тереза“ се доделува за остварување во областа на хуманоста и човечката солидарност, како и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Одборот кој одлучува за наградите, нагласи денеска претседателот на одборот Горан Ајдински, секогаш има тешка задача да се определи кој најмногу ја заслужува оваа награда од сите кандидати докажани хуманисти. – Многу е тешко да се разграничи и да се одлучи кое е вистинското решение. Сепак сметавме дека Тунева – Пауновска и Мемеди навистина имаат дадено и посветено многу во својот работен и животен век, пред се да им помогнат на луѓето, на хуманиратните организации, институции и здруженија, да го следат патот на Мајка тереза, рече Ајдински.

Посебна чест за нас двајцата да го имаме ова признание. Наградата „Мајка Тереза“ за нас претставува дополчнителна определба да продолжиме во реалзиаицја на она што сме го зацдртале за хуманитарни активности, проекти со цел да им излеземе во пресрет на лицата на кои тоа им е потребно без разлика дали се работи за деца од улица, бездомници, лица со посебни потреби, мигранти и беглаци. Нашата држава и граѓаните навистина во себе ја имаат хуманата димензија и сите ние претставуваме хумано семејство кое знае да подаде рака на сите на кои им е потребна помош. Во моментот се соочуваме со голема к риза, но сите н ие зањедно покажавме и докажавме дека сме една социјално одговорна држава, исткана меѓу другото Сузана Тунева – Пауновска.

Тунева-Пауновска, секретар на Црвениот крст на град Скопје, раководи со хумнанитарна организација, добитник е повеќе признанија, дипломи и плакети, како и на 13 Ноемвриската награда на град Скопје.

Доц. д-р Буниамин Мемеди во 2011 година докторирал на тема „тешкотии во учењето кај децата со посебни образовни потреби, вклучени во редовниот образовен систем“. Стекнатото образование тој го примјенува и во практиката со учество во организација и реализација на повеќе хуманитарни акции и активности во Куманово.