Магазин

Свадбата на кинеската Ким Кардашијан чинела 43 милиони долари! (ФОТО)

Свадбата на кинеската Ким Кардашијан чинела 43 милиони долари! (ФОТО)
Свадбата на кинеската Ким Кардашијан чинела 43 милиони долари!

Ангелабејби е најпознатата кинеска актерка на денешницата, а нејзината слава во Кина може да се мери со славата на Ким Кардашијан во САД.

Хуанг Ксаоминг и Ангелабејби се едни од најпознатите кинески актери, а како што пренесува „Јаху“, неодамна актерите ја „запечатиле“ својата љубов со венчавка која чинела вртоглави 43 милиони долари.

Невестата Ангелабејби чие вистинско име е Јеунг Винг е, всушност, кинескиот еквивалент на Ким Кардашијан. Нејзиниот профил на социјалната мрежа Weibo е еден од најпопуларните во светот. Ангелабејби подготви една од најекстравагантните венчавки во историјата.

Приемот бил во шангајскиот изложбен центар. Салата со големина од 2000 квадрати била трансформирана во вистински романтичен сет кој изгледа како од бајките. Уредена била во розева и виолетова боја, а за сето тоа да изгледа како бајка, инсталиран бил и холограм кој проектирал дворец.

Баш како и на венчавката на Ким Кардашијан и Канје Вест, бил подигнат огромен ѕид направен од бело цвеќе. На прославата имало 75 маси, а присуствувале нешто помалку од 2000 гости. Прославата ја обезбедувале 200 телохранители, а тортата била повисока од младенците.

Ангелабејби која е модна инспирација на милиони свои обожаватели носела специјална венчаница дизајнирана од Диор. Биле потребни пет месеци и две проби за венчаницата да биде дизајнирана според желбата на Ангелабејби. Младоженецот носел смокинг со потпис на Том Форд.

 

кина