Свадбата на Клуни чинела најмалку 13 милиони долари

Клуни кој никогаш не сакал да зборува за приватноста, одеднаш го промени ставот и направи голема венчавка, а деталите од неа како и ексклузивните фотографии ги продаде на магазините. Ваквата постапка некои ја протолкуваа како почеток на подготовката на Клуни да влезе во светот на политиката, нешто за што тој подолг период има амбиции.

Подготовките и самата венчавка на Аламудин и Клуни траеја четири дена што вклучуваше коктел забава, вечера и престој во хотел со пет ѕвезди, раскошен прием, скапа венчаница од Оскар де ла Рента итн. Па, колку чинеше сиот овој луксуз?

amal-alumuddin-wedding-dress

Според процените на New York Daily News венчавката севкупно чинела 13 милиони долари.

За да ги смести гостите парот резервирал цел хотел со пет ѕвездички, го платиле летот на гости кои дошле од САД и Либан, а тука е и транспортот до локацијата на која беше извршена церемонијата. Секако за да помине се во ред било ангажирано врвно обезбедување кое броело 400 луѓе, а секој од гостите добил и подарок.