Српски Блиц ексклузивно ги објави првите фотографии и видео снимка од свадбата на Северина и Игор. На нив се гледа како изгледа во моментов најпопуларната балканска двојка на нивната свадба што се одржа вчера во Белград.
На свадбата беа поканети 612 гости, меѓу кои и познатите пејачи Аца Лукас, Саша Матиќ, Горан Каран, Харис Џиновиќ, Шабан Шаулиќ итн.
Северина носеше венчаница од позната хрватска креаторка, а Игор се одлучи за класично одело.
Погледнете го видеото.