Швајцарците на референдум го отфрлија радикалниот финансиски проект

Радикалниот план за измена на швајцарскиот финансиски амбиент со одлуката на комерцијалните банки да им се забрани создавање пари кога ги позајмуваат, за што се одлучува на референдум во неделата, најверојатно нема да мине, покажуваат прелиминарните проекции пренесува агенцијата Reuters.

Околу 74 отсто од излезените гласачи ја отфрлиле таканаречената „суверена парична иницијатива“, покажуваат првичните рани прогнози на јавната телевизија SRF. Конечните резултати од неделниот референдум се очекуваат по 16 часот по македонско време.

Се чини дека загриженоста околу можните ризици за швајцарската економија ги убедила избирачите да го отфрлат овој предлог, забележува Reuters.

Поборниците на овој план сакаа целосно да се реформира монетарниот систем на земјата, за својата економија да биде заштитена од идни глобални финансиски кризи.

Според новиот концепт, кој го развивале економисти од Швајцарија и од Германија, банките повеќе не би смееле прекумерно да позајмуваат пари, бидејќи централната банка, односно Швајцарската народна банка (SNB), би станала единствената институција којашто може да го создава.

Банките единствено би можеле да даваат заеми, доколку од централната банка, другите доверители или депозитите на клиентите, соберат соодветна сума.