Швајцарците одбија загарантиран месечен приход за сите граѓани

Швајцарците одбија загарантиран месечен приход за сите граѓани
Швајцарците одбија загарантиран месечен приход за сите граѓани

Швајцарските гласачи го отфрлија воведувањето на загарантиран приход. На референдумот одговараа на прашањето дали прифаќаат сите швајцарски граѓани и странците кои легално престојуваат најмалку 5 години во земјата, да примаат безусловен приход, без разлика дали работат. Против предлогот гласале речиси 77% од гласачите.

Ако беше прифатен, истиот предвидуваше секој возрасен човек да има загарантирани минимални месечни примања од 2.500 швајцарски франци, а секое дете 625 франци.

Поддржувачите на иницијативата се повикуваа на тоа што работните места се сѐ поавтоматизирани, а парите потребни за живот се човеково право.

Швајцарската Влада се изјасни против предлогот, бидејќи за финансирање на мерката би било неопходно кратење на буџетот или зголемување на даноците.

Светските медиуми пренесоа дека главна причина Швајцарците на референдумот да гласаат против било тоа што ако мерката беше прифатена, истата ќе значеше голем интерес за странци да се населуваат во земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.