Швајцарија може да им забрани настап на фудбалерите со двојно државјанство

Швајцарија размислува да воведе радикални мерки против фудбалерите кои настапуваат за репрезентацијата, аимаат двојно државјанство по скандалот на Мундијалот, кога на натпреварот против Србија, Гранит Џака и Џердан Шаќири головите ги прославија, гестикулирајчи со рацете двоглав орел, симбол на т.н. „Голема Албанија.

Како што пишува герански „Шпигл“, Швајцарската фудбалска асоцијација (SFV) ја разгледува можноста да им забрани настап на играчи со двојно државјанство. Генералниот секретар, Алекс Мишер во интервју за Tagesheimerger рече дека Швајцарија може да ја разгледа оваа опција.

Според Шпигел, прикажувањето на албанското хералдичко животно е јасна политичка изјава што ФИФА ја забранува.

Сојузот би можел да каже дека програмите за финансирање се отворени само за млади играчи кои немаат двојно државјанство. Слушаме многу ветувања, а потоа играчот кога ќе наполни  21 година ќе се одлучи да настапува за друга земја затоа што таму гледа поголема шанса за меѓународен успех, рече Мишер, кој и истакна дека ова е политичко прашање на највисоко ниво.

Според него, во повеќето случаи Швајцарија не ги фаворизира играчите со два пасоши.

– Тоа би било како дете кое мора да избере помеѓу родителите по разводот. Затоа би било подобро за играчите одлуката да се донесе многу порано, вели Мишер.