Швајцарски суд ја донесе првата осуда во историјата на земјата за „лајк“ на Facebook

© AP Photo/Brennan Linsley

Регионалниот (окружниот) суд во Цирих во понеделникот првпат во историјата на Швајцарија донел обвинителна пресуда за „лајк“ на коментар на социјалната мрежа Facebook.

Судот го прогласил виновен за клевета 45-годишен Швајцарец којшто е осуден на парична глоба во изност од 4.000 швајцарски франци, пренесува агенцијата AFP.

Тужителот во овој случај кој предизвика голем интерес на јавноста, беше општествениот активист Ервин Кеслер, челник на здружението коешто се противи на одгледувањето и колењето животни. Во 1998 година самиот тој беше осуден од судот во Цирих на куса затворска казна за јавните споредби на ритуалното колење на животни според еврејската традиција и злосторствата на германските националсоцијалисти во Втората светска војна.

Во 2015 година случајот започнат претходно го доби своето продолжение. На еден од интернет форум корисниците на Facebook оставале голем број коментари во кои го обвинуваат Кеслер за расизам, фашизам и антисемитизам. Во својот одговор, овој поборник за правата на животните ги тужеше пред судот авторите на коментарите. Судот го прифати тужбеното барање и поведе неколку процеси.

Но во понеделникот, 29 мај, за случајот кој доби широк публицитет, првпат беше прогласен за виновен и корисник кој го означил еден коментарите со свој „лајк“. Според мислењето на судот, осудениот, чиешто име не е објавено, со тоа направил „вредносен суд, кој не е потврден со факти“. Тој не успеал да докаже пред судот постоење на антисемитски и расистички ставови кај Кеслер.