среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 33

Швајцарскиот Парламент гласаше за повлекување на барањето за членство во ЕУ

eeuu-11538

Последни вести

Швајцарија ќе го повлече барањето за приклучување кон Европската унија, поднесено во 1992 година, одлучи вчера Кантоналниот совет (Горниот дом на Парламентот), со што ја поддржа одлуката на Долниот дом, Националниот совет, пренесува МИА.

Барањето за влез во ЕУ беше поднесено во мај 1992 година, но во пракса престана да биде актуелно по референдумот во декември истата година, кога швајцарските граѓани со мало мнозинство гласаа против приклучувањето кон Европска економска зона.

По објавувањето кон крајот на мај на годишното социолошко истражување „Безбедност 2016“ се увиде дека Швајцарците мошне го ценат високо независниот економски курс на земјата и не сакаат да бидат дел од ЕУ. Оваа година во однос на лани бројот на приврзаниците на евроинтеграцијата се намалил од 21 на 16 отсто.

Висок е и бројот на на граѓаните, кои го поддржуваат неутралниот статус на Швајцарија – 95 отсто, колку што беше и минатата година.

Најчитани вести