Шварценегер го потврди учеството во шестиот „Терминатор“

Photo by Jordan Strauss/Invision/AP

Американскиот актер од австриско потекло и поранешен републикански гувернер на сојузната држава Калифорнија, Арнолд Шварценегер, ќе учествува во снимањето на шестото продолжение од филмската франшиза „Терминатор“.

„Во мар следната година ќе се приклучам на снимањето на ‘Терминатор’. (Режисерот) Џејмс Камерон и (продуцентот) Дејвид Елисон се враќаат во екипата“, го цитираше телевизиската мрежа Fox News Арнолд ШВарценегер, кој на 30 јули наполни 70 години.

Камерон ја потврди својата одлука да го сними шестиот дел од научнофантастичниот трилер и изјави дека поранешниот гувернер на Калифорнија нема да ја толкува улогата на терминаторот, туку на неговиот прототип – човекот.

„Запрашајте се санскамите зошто сите ликови изгледаат и зборуваат како Арнолд. За тоа мора да има причина. Според мене, висинскиот одговор е дека мора да постои прототип.“, изјавил една од најдоходовните режисери во светот за британскиот магазин Daily Express.

Арнолд Шварценегер е роден во австриското село Тал во близна на градот Грац во 1947 година. Во САД пристигна на 21-годишна возраст и во почетокот имал успешна кариера во бодибилдинг, а потоа и на филмското платно. Светската слава ја стекна со улогите како „Конан Варваринот“(Conan the Barbarian, од 1982 година), „Терминатор“ (The Terminator, чие прв продолжение беше објавено во 1984 година), „Командос“ (Commando, 1985), „Предатор“ (Predator, 1987), „Целосен отповик“ (Total Recall, 1990).