Сварени живи: Како ги казнува ИД дезертерите?

Седум милитанти на терористичката Исламска Држава биле сварени живи откако дезертирале од боиштата во Ирак, пренесуваат британските медиуми.

На седуммината милитанти претходно им биле врзани рацете и нозете и биле фрлени во казан со зовриена вода.

Според информациите од локални извори од градот Мосул ИД казнила седуммина свои борци затоа што побегнале од боиштето Шаркат во провинцијата Салахудин.

Како што пренесуваат медиумите, овие седуммина борци биле дел од масовната егзекуција н а 19 борци кои биле обвинети дека дезертирале од боиштата.