Свечена академија по повод 11 октомври

Свечена академија под покровителство на претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски ќе се одржи денес во Македонскиот народен театар по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.

На Академијата се поканети државниот врв, министри, пратеници во Собранието, дипломатскиот кор во Република Македонија, како и претставници од сите сфери на политичкиот, културниот, научниот и економскиот живот.